Португалија и Мексико ремизираа на Купот на Конфедерации


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Португалија и Мексико одиграа интересен натпревар во рамките од Купот на Конфедерации.

Натпреварот се играше на „Казан Арена“ пред речиси 35 000 гледачи а заврши без победник (2:2).

Во првото полувреме се играше израмнет фудбал а Португалија прва го пронајде патот до мрежата. Рикардо Кварезма го отвори резултатот по добрата асистенција на капитенот на Португалија, Кристијано Роналдо.

Пред крајот на првиот дел играчот на Баер Леверкузен, Хавиер Чичарито Ернандез го израмни резултатот.

Португалците беа блиску до победа затоа што стигнаа до водство од 2:1 во 86. минута кога Седрик ја погоди мрежата на Мексиканците. Сепак во 91. минута видовме уште еден гол за Мексиканците кој го постигна Хектор Морено.