Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Се известува јавноста и посетителите на фудбалскиот натпревар меѓу Реал Мадрид и Манчестер Јунајтед од УЕФА СУПЕР КУП – Скопје 2017 кој ќе се одигра на Националната арена „Филип Втори“ на 8. Август со почеток во 20:45 часот дека на ден 7. август почнувајќи од 08:00 часот ќе има посебен режим на сообраќај со моторни возила, како и посебен режим на движење на пешаци на улиците кои гравитираат околу Националната арена, просторот во Градски парк на потегот од ресторан „Томче Софка“ до пред ресторан „Уранија“ и на кејот на реката Вардар на потегот од пешачкиот мост во близина на Луна парк до паркот на Франкофонија.
Движењето во периметарот на кој ќе има посебен режим на движење на возила и пешаци ќе биде дозволено исклучиво само со соодветни акредитации.
На денот на натпреварот, односно на 8. Август 2017 година, влезовите на Националната арена „Филип Втори“ ќе бидат отворени три часа пред натпреварот, односно од 17:45 часот.
Пристап во горенаведениот периметар и кон влезовите на Националната арена ќе имаат сите посетители кои поседуваат купен билет за УЕФА СУПЕР КУП 2017 година.
Се молам посетителите да се упатуваат кон влезовите на арената, според ознаката на својот билет и сите да се сместуваат на точно назначените места (трибина, блок, ред и седиште).
Се молат сите посетители на натпреварот да дојдат на арената навремено со цел да се избегне метеж при безбедносната проверка, како и на проверката на билетите.
Им се укажува на посетителите на натпреварот дека е строго забранет внес на арената на тврди предмети (запалки, монети, пиротехнички средства, шишиња, алкохол, оружје, чадори, камери, ласери, итн).