Последната тренерска мастика на Фергусон продадена за неверојатни 390.000 фунти! (ВИДЕО)


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Легендарниот шкотски тренер, Сер Алекс Фергусон седеше на клупата на 1500 натпревари во кариерата, а за тоа време изџвака отприлика 3000 гуми за цвакање.

Речиси никогаш не сте можеле да го видите без мастика во устата, а кога резултатот не одговараше на неговиот клуб, тој ја зголемуваше дозата.

Интересно е што последната мастика која Фергусон ја џвакал како тренер на Манчестер Јунајтед заврши во сопствеништво на еден навивач кој потоа ја стави на и-бај.

На крајот мастиката е продадена за неверојатни 390.000 фунти, а целиот износ отиде во хуманитарни цели.

Инаку, во навивачите на Јунајтед се разбуди носталгија во јануари кога го видоа сегашниот тренер Оле Гунар Солскјер како џвака мастика во текот на мечот против Њукасл.