Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Интернационалецот од Венецуела, Едуард Бело постигнатиот гол за неговиот тим Антофагаста против Евертон во рамките од Чилеанското првенство го прослави на многу интересен начин.
Имено, 23 годишниот напаѓач истрча кон гледачите, се качи на трибините и ја запроси својата девојка. Потегот наиде на одобрување кај сите присутни на стадионот, а Бело беше испратен со аплаузи.
Потоа играчот постигна уште еден гол, но на крајот се повреди и мораше да го напушти теренот, а неговиот тим и покрај водството забележа пораз од 3:2.
Најавите се дека Бело ќе отсуствува од терените најмалку три месеци.
?? Antogafasta striker Eduard Bello, in the Chilean League…
⚽ Opens scoring after two minutes
? Celebrates by climbing into the stand and proposing to his girlfriendDo you reckon the referee so miserable he still booked him? ?? pic.twitter.com/rZTl7HCeQp
— JAFA ⚽️? (@jafa) October 29, 2018