Постои едно име: Солскјер го откри фудбалерот кој се наоѓа на врвот листата приоритетни желби за летниот преоден рок!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Оле Гунар Солскјер освари фантастично резултати со Манчестер Јунајтед, откако на „Олд Трафорд“ пристигна кон средината на декември.

Запишаа неговите фудбалери победи, моментално се петти во Премиер лигата, играат во четвртфиналето во Лигата на шампионите со Барселона.

Сепак, се укажува на тоа дека и оваа сезона ќе останат без трофеј, па на лето ќе се обидат со квалитетни засилувања да го засилат ростерот, за да бидат подготвени за следната сезона.

Солскјер поради тоа напорно работи со Вудвард на создавање стратегија за претстојниот преоден рок.

Тоа воедно е и јасен знак дека Норвежанецот ќе се задржи на клупата на „Ѓаволите“ и по завршувањето на сезоната.

Што се однесува до засилувањата, „Ивнинг стандард“ пренесува дека на врвот на листата желби на Солскјер е португалскиот репрезентативец.

Во прашање е играчот за врска на Спортинг, Бруно Фернандеш, кој блеска оваа сезона во Примера.

Некогашниот фудбалер на Сампдорија постигна 24 погодоци и запиша 14 асистенции за лисабонските „Лавови“ и со тоа го привлече вниманието на бројни екипи, а оддамна е познато дека го следи Манчестер.

Како што се наведува, Солскјер е воодушевен од Португалецот и наредил на управата неговиот ангажман да биде приоритет за преговорите во летниот преоден рок.