Потврдено: Пеп без еден од најдобрите речиси месец дена


    До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓


    Гвардиола од ова се плашеше, без Белгијанецот ќе мора на мегдан на поренешниот клуб!

    Кевин Де Брујн вчера се повреди, го напушти теренот во текот на мечот со Свонси на девет минути пред крајот, а Гвардиола се плашеше дека повредата може да биде посериозна.

    Неговите стравови се обистинија, дека на еден од најдобрите нема да може да смета во наредните четири недели!

    Во прашање е повреда на задната ложа, а поради тоа, Де Брујн најверојатно ќе пропушти некои важни дуели, во периодот кој следи.

    Тој имено, надвор од тимот ќе биде за мечевите против Тотенхем и Евертон во Премиер лигата, како и за дуелот во ЛШ со Селтик и Барселона!

    Значи, Гвардиола најверојатно нема да може да смета на својот омилен фудбалер на Сити за мечот со својот поранешен клуб.