Потрагата по исчезнатиот авион на Сала продолжува – ќе се пребаруваат бреговите  (ФОТО)


Само Португалија е сигурна, Белгија се тресе! ↓↓↓


Спасувачките служби на Англија продолжија и денеска со потрагата по исчезнатиот авион во кој беше аргентинскиот фудбалер Емилијано Сала.

Претходните два дена беа пребарани повеќе од 3.500 квадратни километри, но немаше никакви резултати, зашто не беше пронајдена трага од леталото.

Сепак, спасителите решија да ја продолжат потрагата по состанокот во четвртокот и да се фокусираат на крајбрежните подрачја.

Авионот, кој патуваше од Нант кон Кардиф исчезна во понеделник над каналот Ламанж, а во леталото беа фудбалерот Сала и пилотот Дејвид Иботсон.

Претставниците на спасувачките служби претходно соопштија дека многу е мала шансата екипажот да е жив.