Потрес во Милан, итна средба помеѓу Леонардо и Малдини со агентите на нивната ѕвезда


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Агентот на Рикардо Родригез, Џанлука Ди Доменико ќе се сретне со Леонардо и Паоло Малдини во Каса Милан со цел да ја дискутираат иднината на фудбалерот.

Швајцарскиот репрезентативец беше трансфер цел на Арсенал и Борусија Дортмунд, а во последен момент за него се заинтересира и гигантот, ПСЖ.

Според некои медиуми, наводно, интересот од парижаните е причината за оваа итна средба помеѓу двете страни по која наскоро ќе бидат познати повеќе детали.

Сепак, „Калчомеркато“ ги смирува фановите на Милан објавувајќи дека оваа средба е на иницијатива на Леонардо кој сакал да има лични средби со агентите на сите играчи. Бразилецот сакал да им ги објасни долгорочните планови на претставниците на фудбалерите.