Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Новак Бошковиќ, поранешниот репрезентативец на Србија, на неверојатен начин во Црвенка, Србија си го одзема животот. Мајка му го критикувала, а свекрвата се обидела да го спречи да земе пиштол.
Трагедијата го зави семејството во црно, а таа се случи во недела околу девет часов во дворот на семејната куќа во Црвенка, каде што живеел со сопругата Милица и нивната шестмесечна ќерка Срна.
Успешниот спортист два дена претходно во родниот град дошол од Израел, каде што веќе неколку години игра ракомет.
Мајката на трагично починатиот спортист, Јела Вукашиновиќ, облиена во солзи, вели дека во неделата наутро била со синот, пред да си пука во глава.
„Го критикував, зашто цела ноќ остана во град со другарите. Ден претходно стигна од Израел, а јас знаев дека сака да се дружи со познаниците, но не требаше толку да остане“, вели мајка му.
Во станот на мајката Јела, комшиите искажуваат сочуство. Болниот настан ги потресе сите во околината, а тие велат дека Новак бил среќен и направил и теретана, па имало кај да вежба кога ќе пристигне. Сепак, очигледно има некоја причина за неговото самоубиство.
Неговата свекрва открива како се случил настанот.
„Тој го зема пиштолот кој го поседуваше и тргна да се убие во градината. Се обидов да го спречам, но не успеав, тој ме тргна настрана и замина во градината, каде што слушнав истрел, а потоа…“, вели свекрвата во солзи.