Почина најстарата навивачка на Голден Стејт


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Хелен Брукс, 107-годишната навивачка на Голден Стејт, почина вчера. Нејзин прекар беше „Слатка“, а дојде во центар на медимското внимание откако локален медиуми пишуваше за нејзината посветеност со децении кон клубот.

Тренерот Стив Кер јавно ја поздрави минатата сезона, а беше повикана да го гледа натпреварот од посебен дел од салата.

Нејзината ќерка Лили Тони вели дека нејзината мајка била позитивна личност која имала смисла за хумор.

„Мислам дека е само уморна. Имаше убав живот, па така сме среќни што е на мир сега.“

И Голден Стејт имаше соопштение во кое се наведува дека нејзиното присуство на патот до титулата минатата сезона беше возбудливо и за екипата и за неа.

Хелен е роден во Енис, во Тексас во 1909 година, а нејзиниот маж, со кој одеше на натпреварите, почина во 1999 година.