Почнуваат уписите за ракометната школа „Кирил Лазаров 7“


Манчестер Сити треба да победи - и тоа кога е најтешко! ↓↓↓


Од утре, со почетокот на учебната година започнуваат уписите и тренинзите на ново отворената Школа за ракомет „Кирил Лазаров 7“ на подрачјето на Охрид, информираат од школата.

Тренинзите ќе се одржуваат во спортските сали при основните училишта „Глигор Прличев“ и „Христо Узунов“.

Повеќе информации сите заинтересирани може да добијат кај тренерите Наум (075 585 868) и Наташа (070 331 414) или во порака на официјалната страница на школата.

Покрај Охрид, брендот „Кире Лазаров 7“ ќе го носат школите во Струга, Скопје, Валандово, Свети Николе, Богданци и Стојаково.

Замислата на иницијаторот на школите Кирил Лазаров е да им се овозможат идеални услови за тренирање на младите таленти:

„Нашата идеја е да создадеме, да произведеме врвни играчи. Македонија е ракометна земја и тоа се покажува и на овој камп. Следниот чекор е работата во школите кои првично ќе ги има седум на број. Сакаме да им ги овозможиме идеалните услови на младите и да успееме да направиме врвни играчи. Тоа е нашата главна цел“, истакна Лазаров на затворањето на својот трет ракометен камп во Охрид.