Почнува битката за Рим, а само едно е јасно – ќе има црвен картон!?


Второ коло во ЛШ: Најголемото дерби се игра во Лондон! ↓↓↓


Денеска се игра големото дерби во Рим помеѓу Лацио и Рома на „Олимпико“ и тоа од 15 часот.

Оваа средба е многу повеќе од фудбал и натпревар, кој буди многу страсти и емоции, а тоа се покажува и на теренот, каде што секогаш има тензии помеѓу играчите.

Па така во последните пет римски дербиња беа видени четири црвени картони, а има вкупно 33 од сезоната 1994/95.

Важен подааток е дека Рома на секој од „домашните“ натпревари успеала да постигне барем еден гол од 2007. година, додека Лацио не може да го победи најлутиот ривал веќе 11 натпревари.