Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст ↓↓↓
Тотенхем се соочува со тешки моменти во клучните мигови од сезоната откако по Хари Кејн на подолг период ја изгуби и втората ѕвезда на клубот, Деле Али.
Репрезентативецот на Англија ќе отсуствува во следните шест недели кога „Петлите“ имаат неколку клучни натпревари во Премиер лигата, но и два натпревари во Лигата на шампионите.
Деле Али заработи повреда на натпреварот одигран во неделата против тимот на Фулам. Се очекува одличниот фудбалер да се врати на тренинзите на клубот најрано на почетокот на март.