По низата пофалби стигнаа и критики кон Солскјер: Тој не е некаков гениј


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Манчестер Јунајтед во саботата со 5:1 го совлада Кардиф, а вчера на „Олд Трафорд“ рутински го реши и Хадерсфилд со 3:1.

Навивачите на „Ѓаволите“ веднаш почнаа да веруваат дека Оле е вистинското решение за клубот, но пред него е навистина тешка задача.

И додека од сите страни стигнуваа пофалби на сметка на Норвежанецот, поранешниот прв човек на Кристал Палас, Сајмон Џордан во интервју за „ТокСпорт“ го нападна Оле и посочи дека тој не е некаков гениј.

„Оле Гунар Солскјер не е некој тактички гениј. Не направи ништо што човек со половина мозок не би направил или некој кој не се разбира во фудбал. Најлошата одлука на Јунајтед би била доколку тој добие постојан договор. Сетете се што се случи со Роберто Ди Матео во Челси“- коментираше Џордан.

Иако запиша две победи во два натпревари, Џордан тврди дека тоа не е некакво чудо и продолжи да „удира“ по легендарниот Оле.

„Не е некакво изненадување што го победија Кардиф, не ме чуди што го победија Хадерсфилд. Исто така не е чудо што Погба почна да игра. Тоа не се некои чуда. Следен на ред е Алексис Санчез. Тој сега ќе почне редовно да игра зошто Солскер е тука за тие да добијат што сакаат“- коментираше Џордан.