Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
На собирот на репрезентацијата на Англија се сретнаа Стерлинг и Санчо, а еве како изгледаше објавата на фудбалерот на Манчестер Сити.
Доста се зборуваше за Џејдон Санчо, фудбалерот на Борусија Дортмунд.
Ова момче игра феноменално и секако се споменува неговото потенцијално враќање во Англија.
Манчестер Јунајтед е решен да го донесе, Манчестер Сити да го врати, а се шпекулира дека ова момче има клузула по која Манчестер Сити може да го врати во своите редови.
Дали тоа и ќе се случи?
На тоа прашање ќе добиеме одговор во јули или август, а Рахим Стерлинг им даде повод на медиумите да шпекулираат за тоа.
Тој објави фотографија со Санчо на социјалните мрежи, па потоа истата ја избриша поради описот.
„Така, ти всушност имаш клаузула во договорот? Агент „Раз“ на должност“, покрај доста емотикони кои наговестуваат шега.