Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Белгискиот напаѓач, Мичу Батчуаи летово стигна во Валенсија од Челси на позајмица до крајот на оваа сезона.
Белгиецот на „Местаља“ стигна како големо засилување, но во досегашниот дел од сезоната не се покажа баш многу. Шпанските медиуми објавија вчера дека Валенсија веројатно веќе во јануари ќе ја завршат соработката со него, и дека Батчуаи ќе се врати во лондонскиот клуб.
Но, тоа за него нема да биде проблем бидејќи на маса веќе има нови понуди. Најголем интерес покажа Кристал Палас и се чини дека до летото Батчуаи ќе го гледаме во дресот на овој клуб. Белгиецот во досегашниот дел од сезоната за Валенсија одигра 11 натпревари и постигна само еден погодок.
Во Челси пристигна летото 2016. година во Марсеј, но на „Стемфорд Бриџ“ не успеа да се наметне за минутажта која ја очекуваше. Откако воодушеви изминатата сезона во Дортмунд ова баш не му оди како што планирше. Но, Крситал Палас ќе биде новиот клуб во кој ќе се обиде да се докаже.