По Санчез, потврдена е уште една „бомба“: Нов потпис во Манчестер Јунајтед!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Играчот за врска на Манчестер Јунајтед, Хуан Мата го продолжи договорот со својот клуб.

Актуелниот договор на Шпанецот му завршуваше на крајот на оваа сезона, но сепак на крајот се договорија двете страни и тој ќе остане барем уште една сезона во тимот.

„Многу сум среќен и горд што сум дел од овој клуб. Мислам дека сите кои припаѓаме на Манчестер треба да чувствуваме привилегија. Среќен сум со сите работи во клубот, како и со тренерот и соиграчите“, изјави Мата.

Да потсетиме, тој пристигна во јануари 2014 година од Челси за 45 милиони евра.