По синоќешната хорор поведа се огласи и Борусија Дортмунд: Знаеме дека си борец, издржи… (ФОТО)


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Српскиот дефанзивец, Невен Суботиќ синоќа доживеа многу непријатна повреда во средбата помеѓу Сент Етјен и Бордо.

Суботиќ по еден дуел со голманот на својата екипа доби удар со колено во главата по што во еден момент остана без свест, а самиот настан изгледаше вознемирувачки, бидејќи имаше многу крв на неговото лице.

Тој потоа ја напушти играта и беше пренесен во болница, каде ќе остане неколку дена, а денес пристигна и поддршка од некогашниот клуб, Борусија Дортмунд.

„Му посакуваме брзо закрепнување на Невен Суботиќ. Знаеме дека си борец и се надеваме дека наскоро повторно ќе те видиме на терен“, се наведува на официјалната твитер страна на „Милионерите“.

На сето тоа додаваме дека се уште не е познато колку долго Суботиќ ќе биде надвор од терените.