По страшната трагедија во Џенова, одложени два натпревари од Серија А


Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓


Денес стигна официјална потврда дека натпреварите Сампдорија- Фиорентина и Милан- Џенова ќе бидат одложени поради трагедијата при уривањето на мостот во Џенова во кој животот го загубија 38 души.

Двата клуба од Џенова побарале од Серија А да бидат одложени нивните натпревари за време на викендот. Од Серија А денес стигна и официјална потврда дека натпреварите ќе се одиграат во друг термин.

„Претседателот на Серија А, кој прими барање за одложување на натпреварите на Сампдорија и Џенова поради трагедијата која ја погоди Џенова, како резултат на согласност на Фиорентина и Милан,одлучи натпреварите Сампдорија-Фиорентина и Милан- Џенова да бидат одложени“- стоеше во соопштението од Серија А.