Првата бомба на Милан стигнува од Атлетико Мадрид?!


    До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓


    Кинезите првото големо засилување може да го доведат од Мадрид.

    Како што пренесуваат италијанските медиуми,  Диего Годин е најголема желба на кинеските инвеститори кои до крајот на годината ќе станат и официјално мнозински сопственици на клубот.

    Искусниот Уругваец треба да биде поддршка на Алесио Ромањоли кој по мислење на многумина е најдобар дефанзивец на Милан.

    Годин во февруари полни 31 година, Атлетико тешко ќе го пушти, на зима трансферот ќе биде невозможен, но италијанските медиуми веруваат дека на лето може да биде реализиран за 30 милиони евра.

    Покрај тоа, на радарот на Милан е и стоперот на Реал Мадрид, Пепе, кој веќе на зима може да потпише преддоговор со нов клуб, поради тоа што во јуни му истекува договорот со Мадриѓаните, како и десниот бек на Барселона Алеиш Видал, кој не е во плановите на Луис Енрике.