Прво интервју на Солскјер кое со сигурност ќе ги освои навивачите (Видео)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Оле Гунар Солскјер утрово го одржа првиот тренинг со фудбалерите на Манчестер Јунајтед, а веднаш потоа имаше ексклузивно интервју за клупската телевизија.

Во интервјуто Солскјер посочи дека знае дека прво мора да направи играчите на Манчестер Јунајтед повторно да уживаат во фудбалот. Норвежанецот исто така истакна дека е прекрасно за него што се враќа во клубот каде помина неверојатно успешни години како играч.

-Чувството е прекрасно, како кога се враќаш дома. Ова беа неколку интересни денови, беше многу бурно. Прекрасно е што ги гледам сите повторно. Дојдов на шест месеци. Ќе уживам додека сум на чело овде, се вратив дома.

-Знам дека клубот е во процес на пронаоѓање нов менаџер, а јас тука ќе бидам само одредено време. Заедно со Мајк, Киеран и Мајкл и останатиот дел од тимот сакаме да направиме фудбалерите повторно да уживаат во фудбалот. Со нетрпение очекувам повторно да ги видам навивачите.

-Бројот на натпревари кој следи не е проблем затоа што имаме одличен состав на играчи. Имаме 23,24 играчи кои се квалитетни и речиси сите ќе добијат шанси на овие натпревари за да ми докажат дека се играчи на Манчестер Јунајтед- беа дел од зборовите на Солскјер во првото интервју како менаџер на Манчестер Јунајтед.