Предизвика лавина од шпекулации: Фотографија покажа кого Мбапе го следи од својот мобилен


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Килиан Мбапе во претходните неколку сезони дефинитивно е најголемото откритие во фудбалот и е желба на скоро сите европски великани.

Мбапе го воодушеви фудбалскиот свет во дресот на Монако, а потоа го продолжи истото во ПСЖ и во репрезентацијата на Франција која летово ја водеше до златото на Мундијалот. Моментално е прва виолина на Парижаните бидејќи надвор од теренот се Кавани и Нејмар.

ПСЖ синоќа играше против Ст. Етјен, а Мбапе повторно беше човекот на одлуката бидејќи го водеше тимот до нова победа. Но, занимлива фотографија се појави на почетокот од овој натпревар.

Многумина се изненадија кога видоа фотографија од Меси на неговиот мобилен телефон, а потоа сфатија дека Мбапе го гледа тешкиот распоред кој го има Барса во наредните неколку седмици. Секако, не треба да се споменува дека веднаш се започна со шпекулација дека Мбапе би можел да премине во Барселона.