Пред 26 години репрезентацијата Југославија го одигра својот последен натпревар


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


На денешен ден пред 26 години (13.11.1991) фудбалската репрезентација на Југославија го одигра својот последен официјален натпревар.

Во последното коло од квалификациите за Европското првенство во Шведска, Југославија во Виена славеше со 2:0 и математички го обезбеди пласманот на континенталното натпреварување.

Сепак, поради санкциите кои следеа поради војната во земјата на репрезентацијата и беше забранет настапот на Европското првенство, а нејзиното место го зазеде Данска која подоцна сосема неочекувано стана европски првак.

За селекцијата предводена од Ивица Осим од првата минута на тој натпревар настапи и нашиот Дарко Панчев, додека Илија Најдоски беше на клупата за резервни фудбалери.
Embed from Getty Images
Интересен е фактот што селекцијата на Австрија и во претходниот циклус на квалификации (СП Италија, 1990) го одигра последниот натпревар со држава која престана да постои, Источна Германија.