Премиерлигашка „ВОЈНА“ поради суперталентиран Германец!


    Кој тепа, Ливерпул или Челзи!? ↓↓↓


    Според медиумите, три големи клубови од ПЛ се заинтересирани за играчот на Баер Леверкузен.

    Десниот бек Бенџамин Хенрикс почна полека да привлекува внимание на голем број тимови.

    Овој играч минатата сезона дебитираше за тимот, има само 19 години, а може да игра на двете бековски позиции во одбраната. Оваа година настапи на 14 натпревари, а имаше 2 асистенции.

    Доби повик и од Јоаким Лев за репрезентацијата на Германија, а шанса да дебитира ќе има во натпреварот против Сан Марино во квалификациите.

    Во германските и англиските медиуми се појави информација дека неговите добри игри не останаа незабележани од ПЛ. За неговите услуги се заинтересирани Јунајтед, Сити и Челси.

    На Јунајтед му е потребен еден поквалитетен дефанзивец, па тие се подготвени да се откажат од Дармијан, само за да го донесат Хенрикс.

    Што се однесува до Сити, Гвардиола не крие дека сака да ја реконструира одбраната, го донесе Стоунс минатото лето, а десен бек можеби е најкритичната позиција во тимот.

    Што се однесува за Челси, Конте исто така сака да направи некои промени во својата одбрана, стоперите се приоритет, а доколку се создаде шанса, нема сомнеж дека би сакале да го видат овој играч во своите редови.

    Ангажирањето на Хенрикс би можело да значи и заминување на Ивановиќ од Челси.

    Каде ќе заврши Хенрикс на крајот останува да видиме, а тој има договор со Леверкузен до 2020 година.