„Премногу е рано за приказна за титулата“


    Кој тепа, Ливерпул или Челзи!? ↓↓↓


    По 2 победи оваа сезона, почна да се зборува за тоа дека Кал Крачлоу би можел да се бори за титулата наредната сезона. Но тој смета дека е рано да се мисли на такво нешто.

    „Рано е да се зборува за тоа, се знае кои се конкурентите за титулата, а меѓу нив не сум јас. Најверојатно тоа ќе биде тешка задача.“

    Но, 30-годишниот Крачлоу не крие дека бара поголема поддршка од Хонда.

    „Мислам дека го заслужив тоа со моите трки оваа сезона. Моментално добивам нешто од Хонда, но мислам дека заслужувам повеќе.“