Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Голманот на Јувентус, Џиџи Буфон би можел да брани уште една сезона доколку од клубот одлучат дека искусниот 39 годишен голман им е се уште потребен.
Според досегашните најави Буфон требаше да се пензионира по завршувањето на оваа сезона. Тој тоа го изјави во неколку наврати, но и нагласи дека би останал уште една сезона како активен чувар на мрежата доколку Јувентус ја освои Лигата на шампионите, па наредната сезона игра и Светско клупско првенство.
Легендарниот голман, наводно по средбата со Интер на пријателите им открил дека сепак би можел да ја продолжи кариерата и Јувентус да не ја освои Лигата на шампионите, но под еден услов, доколку во клубот одлучат дека тој им е потребен.
Имајќи го во предвид фактот што Буфон брани фантастично овие две сезони ништо чудно доколку ја прослави и 40-ката како активен фудбалер.