Тен Хаг замина, во Манчестер журка! ↓↓↓
Тренерот на Манчестер јунајтед, Жозе Мурињо, во моментов се соочува со тежок период во Премиерлигата.
„Црвените ѓаволи“ се мачат со формата, па немаат победа на три натпревари по ред во сите конкуренции.
Па, тоа веднаш ги „разгоре“ приказните за отказ на Мурињо од клупата на Јунајтед, но тоа не го загрижува Португалецот.
Фудбалската федерација на САД бара нов селектор, а според „Спорт Илустрејтед“ токму Мурињо е вистинскиот избор.
Американците бараат големо тренерско име за селектор, па Мурињо би можел да биде најголем кандидат за таа позиција.
Мурињо кажа дека пред крајот на кариерата сака да ја предводи Португалија, но ќе видиме како ќе реагира на потенцијална понуда од САД.