Пресврт во Манчестер: Поранешен тандем на Јувентус доаѓа во Јунајтед!?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Манчестер јунајтед се соочува со голема криза во новата сезона, па најверојатно наскоро ќе добијат нов тренер бидејќи никој не е задоволен од Жозе Мурињо.

Исто така, „црвените ѓаволи“ сакаат нов спортски директор и тоа место претходно му го понудија на Фабио Паратичи.

Но, откако Марота доби отказ од Јувентус, англиските медиуми почнаа да го поврзуваат со Јунајтед.

Наводно, искусниот спортски директор ќе пристигне на „Олд Трафорд“, но со него стигнува уште едно име.

Англиските медиуми пишуваат дека Антонио Конте би можел да го замени Мурињо на тренерското место.

Ова би било одлична можност за Конте да им се одмазди на Челси, а притоа и на Мурињо.

Меѓутоа, ова се само шпекулации на англиските медиуми и нема никаква потврда за сличен потег на Јунајтед.