Пресврт во Париз: Каде ќе заврши младиот Рабио!?


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Младата ѕвезда на ПСЖ, Адриен Рабио, не сакаше да остане во Париз, но според најновите шпекулации на медиумите сега се предомислил.

Наводно, Французинот размислува да прифати нов договор, но под услов платата да му биде зголемена бидејќи во моментов заработува многу малку.

Од друга страна, неговата мајка Вероника Рабио сака ПСЖ да му плати осум милиони евра како бонус за нов потпис на договор.

Сепак, доколку преговорите пропаднат, на Рабио нема да му биде проблем да најде нов клуб бидејќи за него интерес покажаа Јувентус, Барселона, Реал Мадрид и Челси.