Пресврт во ситуацијата со Мари: Шкотланѓанецот се надева дека ќе се врати на тениските терени


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Британскиот тенисер Енди Мари се надева дека ќе се врати на тениските терени и покрај тоа што најави крај на кариерата пред почетокот на Австралија Опен.

Мари имаше операција на десниот колк на 28. јануари истакна дека сега повеќе не чувствува болки и дека неговата рехабилитација засега оди добро. Сепак, тенисерот посочи дека се уште е рано за да знае дали ќе може повторно да игра на врвно ниво.

-Сакам да продолжам да играм. Тоа го кажав и во Австралија. Проблемот е што не знам дали тоа ќе биде возможно. Сега сум многу посреќен од претходните 12 месеци. Откако ја извршив операцијата веќе не чувствувам болки во мојот колк. Имав неверојатни бројки долго време. Рехабилитацијата е бавна, но засега оди сосема добро. Треба да почекаме и да видиме како ќе напредувам, но доколку е можно јас би се вратил во натпреварувањата повторно- коментираше Енди Мари.