Пресврт во случајот со Балотели: Еве каде заврши Италијанецот


Екранизација, задоцнет развој, аутизам, инклузија – што треба да знаат родителите ↓↓↓


Повратникот во репрезентацијата на Италија, Марио Балотели по се изгледа нема да се пресели во редовите на Марсеј.

Преговорите меѓу двете страни пропаднале, па контроверзниот фудбалер сега се врати на тренинзите во Ница, иако договорот со овој клуб веќе му е истечен.

Ваквото нешто наиде на изненадување на многумина фудбалски работници кои го гледаа Балотели насекаде, само не назад во Ница.

Засега на адреса на Балотели нема други понуди, па ќе остане во Ница се до финалното решавање на неговото прашање. Се уште не е јасно дали ќе остане во Ница и следната сезона.