Претседателот на Ла Лига го брани Рамос, а го критикува Меси!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Претседателот на Ла Лига, Хавиер Тебас му даде поддршка на Рамос, откако доби црвен картон на натпреварот против Барселона.

Откако во второто полувреме тој доби црвен картон, стоперот на Реал додека излегуваше од теренот, иронично им аплаудираше на судиите.

„Мислам дека Рамос не би требало да биде казнет поради својот гест кон Пике. Играчите се во жар на борбата.“

Тебас го даде своето мислење и за прославувањето на голот на Меси пред навивачите на Реал. Тој смета дека неговата прослава донела до предизвикување на опасна ситуација.

„Не велам дека Меси не ги провоцираше навивачите, но ефектот на прославата беше фрлање на шишиња и насилни испади, а не аплаузи.“