Претседателот на Ла Лига официјално потврди: Познат терминот за второто „Ел Класико“ сезонава…


Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓


Претседателот на Шпанската фудбалска лига, Хавиер Тебас потврди дека второто „Ел Класико“ сезонава помеѓу Барселона и Реал Мадрид ќе се одигра во 20:45 на 2. март на „Сантијаго Бернабеу“.

Тебас тоа го обелодени на каталонската радио станица RAC-1. Натпреварот ќе биде три дена по хипотетичкиот полуфинален дуел во Копа дел Реј, ако двете екипи минат низ тековниот осмофинален круг, а потоа и четвртфиналето.

Натпреварот исто така ќе биде три дена пред Реал Мадрид да го пречека Ајакс во реванш мечот во рамки на Лигата на шампионите.

Првото „Ел Класико“ сезонава и припадна на Барселона која славеше против големиот ривал со 5:1 на „Камп Ноу“, што резултираше со отказ за Лопетеги како тренер на Реал Мадрид, веднаш следниот ден.

Инаку, дефанзивецот на Реал Мадрид, Хесус Валејо доживеа уште една повреда на мускулот во текот на тренингот во понеделникот. Тоа е четврта повреда на мускулот за младиот дефанзивец кој ја претрпе оваа сезона. Физичките проблеми на Валејо го ограничија на само два настапи во текот на оваа сезона.