Претседателот на Лион се пошегува: Ако играше Меси за нас, резултатот ќе беше различен!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Претседателот на Лион, Жан-Мишел Ола имаше интересна изјава по поразот од Барселона со 1-5 на „Камп Ноу“ во осминафиналето од Лигата на шампиони.

Лионел Меси и синоќа беше фантастичен, откако постигна два гола и две асистенции, па го реши патникот во четвртфиналето.

Првиот човек на францускиот тим ја критикуваше ВАР-технологијата затоа што смета дека неговиот тим бил оштетен од судиите.

„Прво го загубивме голманот, а потоа досудија смешен пенал. Луис Суарез симулираше и требаше да си добие жолт картон“, кажа претседателот на Лион.

Сепак, Ола го пофали и својот вчерашен противник, па кажа дека можеби Барселона е силен тим, но резултатот не е реален со оглед на тоа што се случувало на теренот, а на крајот имаше коментар и за Лионел Меси.

„Ако играше Меси за нас, резултатот најверојатно ќе беше различен“, кажа претседателот на Лион.

Барселона синоќа доминираше во мечот, па славеа со 5-1, иако Лион во еден момент имаше негатива од 1-2, па затреперија срцата на домаќините, но тие не дозволија никаква сензација.

Четвртфиналните парови ќе бидат дознаени во петок во Нион.