Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Барселона бара нов напаѓач, а според шпанските медиуми изборот паднал на еден од фудбалерите на Челси, односно Оливие Жиру.
По заминувањето на Мунир Ел Хадади единствен класичен напаѓач е Луис Суарез, но Каталонците не сакаат да имаат само еден напаѓач, па тргнаа да побараат конкуренција.
Иако Лионел Меси може да настапува и како класичен напаѓач, тренерот Ернесто Валверде сака да има поголем тим, па ќе се обиде да го добие Жиру.
Шпанските медуми пишуваат дека претставници на Барселона биле на состанок во Лондон со агентите на Жиру.
Доколку го сака во својата екипа, Барселона за неговите услуги ќе треба да плати 15 милиони евра.