Учиме по најтешкиот пат: Со едукација за заштита и спасување до спречување на трагедии! ↓↓↓
Два фудбалери од Челси, Азар и Куртоа сеуште не ги продолжиле своите договори со тимот од Лондон.
Во последно време се повеќе се шпекулира за тоа дека Азар ќе го напушти Челси и ќе премине во Реал Мадрид, а главната причина за овие шпекулации е тоа што тој нема потпишано нов договор.
Познат шпански новинар објави дека не е случајно тоа што Азар и Куртоа не ги продолжиле своите договори и дека тие остануваат главна мета на Реал Мадрид во летниот преоден рок.
„Реал Мадрид има јасни цели на крајот на оваа сезона. Приоритет се Азар и Куртоа, а има и уште неколку имиња на листата на желби. Перез сигурно има план Б и В, но знаеме дека тој нема да се откаже лесно од белгијците.“