Пристигнаа добри вести за Премиерлигашите: Паје го напушта француски Марсеј…


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Искусниот Французин, повторно би можел да го напушти „Велодром“.

Димитри Паје и покрај одличните партии и фактите дека во дресот на Вест Хем привлекол внимание на најголемите евроски клубови во јануари 2017. година одлучи да се врати дома и уште еднаш да го облече дресот на Олимпик Марсеј.

Настапуваше на „Веледром“ од 2013. до 2015. година, потоа замина во Вест Хем, а иако беше најплатен меѓу „Чеканите“, како што се наведува не се чувствувал добро во Англија и сакал да замине дома.

Влезе во судир со управата и тогашниот тренер, Билиќ, на крајот Вест Хем немаше избор, мораа да го пуштат да замине, па се врати во Марсеј.

Сега повторно би можел да ја смени средината, со оглед на тоа дека за неговите услуги интерес покажа кинескиот клуб Далијан Јифранг.

Марсеј би го продал бараат 25 до 30 милиони евра за 31-годишниот офанзивен играч за врска, а ова е само уште еден доказ дека Јаник Караско е на излезни врати на овој кинески клуб.

Познато е дека еден тим од Премиер лигата е многу заинтересиран за неговите услуги, додека пак, на друг клуб му е понуден.