Пристигна во Јунајтед како голема звезда, сега Мурињо го прецрта од составот


ChatGPT ми беше гостин во поткаст – и не зажалив! ↓↓↓


Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Жозе Мурињо полека се решава од играчите за кои смета дека не му се потребни во продолжението од сезоната.

Иако на „Олд Трафорд“ пред една и пол година пристигна како големо засилување, Ерменецот, Хенрик Микитаријан веројатно ги брои последните денови во Манчестер.

Мурињо вчера соопшти дека Ерменецот не заслужува место меѓу 18те фудбалери кои се бираат во протоколот пред секој натпревар.

„Се обидувам да ја избалансирам клупата. Имам двајца дефанзивци и Блинд кој може да игра на повеќе позиции. Тука е и Ешли Јанг кој игра како крило и бек и Ерера кој го покрива средниот ред. Златан е напаѓач, а Рашфорд крилен фудбалер или втор напаѓач. Во тимот ги има и Марсијал, Мата и Лингард што значи дека за Микитаријан нема место. Едноставно, другите повеќе го заслужуваат местото во тимот“- коментираше Мурињо.

Се шпекулира дека Манчестер Јунајтед во јануари ќе тргне по Жоао Марио од Интер, а Микитаријан би можел да се пресели во спротивен правец.