Пристигна неверојатна понуда за Санчез: Венгер подготвен да го одврзе кесето само да го задржи


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Најдобриот фудбалер на Арсенал, Алексис Санчез добил неверојатна понуда од неименуван клуб од Кина од дури 15 милиони евра по сезона.

Сепак, менаџерот Арсен Венгер не сака да го пушти да си замине од Лондон и подготвен е да го направи најплатен играч во тимот, тврди „Daily Mail“.

Споменатиот извор пишува дека лондонскиот клуб е во голема паника бидејќи сака да го задржи напаѓачот од Чиле, но Санчез бара многу подобри услови отколку што во моментов ги има.

На Санчез договорот му истекува во 2018. година, а Арсенал сака да му понуди нов, околу 10 милиони фунти годишно, што е помалку од Кинезите, но така би имал најголеми примања помеѓу Топчиите.

Поранешниот напаѓач на Барселона оваа сезона игра во одлична форма. Постигна 11 гола во Премиер лигата е прв стрелец заедно со Диего Коста, а се повеќе се поврзува со трансфер во Манчестер Сити.

Потсетуваме, Алексис на „Емирати“ пристигна во 2014. година, а претходно настапуваше за Барселона, Удинесе, Ривер Плата, Коло-Коло и Корбелоа.