Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Челси утрово потврди дека го ангажирал Кристијан Пулишиќ за 64 милиони евра од Борусија Дортмунд, каде што ќе остане до крајот на сезоната на позајмица.
Сепак, според англиските медиуми тоа значи дека Челси ќе продава неколку фудбалери во јануари, а наводно од клубот ќе си заминат Цеск Фабрегас и Давиде Ѕапакоста.
Како што претходно беше објавено, Фабрегас се очекува да се пресели во Монако, каде што ќе се обиде да му помогне на Тјери Анри да го спаси клубот од испаѓање од Лига 1.
Од друга страна, Ѕапакоста не добива минутажа во дресот на „сините“, па се очекува месецов да се пресели во Лацио, кој сака да го ангажира на позајмица со можност да го откупи на крајот на сезоната.