Прифатена понудата на „Граѓаните“ за Санчез, Арсенал експресно најде замена


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Последниот ден од трансфер периодот секогаш е интересен и ни носи неколку трансфер бомби. И овој нема да биде исклучок, и се очекува во наредните часови да видиме реализација на трансферите на Кутињо, Мбапе, Санчез…

Медиумите во Англија пишуваат дека Арсенал ја прифатил последната понуда на Манчестер Сити во висина од 55 милиони фунти плус пет милиони фунти за бонуси за услугите на Алексис Санчез. Сепак „Топчиите“ побарале уште неколку часа за официјална реализација на трансферот се со цел и тие да го обезбедат потписот на Томас Лемар.

Новинарот на „Скај Спортс“, Гилием Балагуе пишува дека од таборот на клубот од Лондон се сигурни дека ќе го потпишат играчот на Монако.