Проблемите за Роналдо поради тужбата за силување штотуку почнуваат


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Португалскиот фудбалер, Роналдо се најде во големи проблеми откако е повторно обвинет за силување на некогашната американска студентка Кетрин Мајорг.

Кетрин за американските медиуми одлучила да изјави дека Роналдо брутално ја силувал во 2009. година во еден луксузен хотел во Лас Вегас. Исто така, додала дека тој и платил 287.000 фунти за да не зборува за тоа што се случувало оваа вечер, а Роналдо експресно ги демнатираше сите наводи.

Сепак, се чини дека проблемите за Роналдо штотуку почнуваат, бидејќи полицијата во Лас Вегас повторно почнала истрага за наводното силување. Детективи работат на основата на приказната која ја раскажала Кетрин и ќе се проба да се дојде до докази, доколку оваа приказна е вистинита.

Американката додала дека едноставно ова не можела да го држи повеќе во себе и дека морала јавно да го каже иако имала договор со Роналдо.

Сепак, ваквите приказни секогаш се земаат за резерва, бидејќи не е првпат на овој начин да се проба да се злоупотреби позната личност.

Но, повеќе информации ќе се дознат после истрагата на американската полиција,.