Екранизација, задоцнет развој, аутизам, инклузија – што треба да знаат родителите ↓↓↓
Манчестер јунајтед оствари приход од 135 милиони фунти во период до 30 септември, а тоа е за 6,1% помалку во однос на истиот период лани.
Од „Олд Трафорд“ велат дека падот во голема мерка може да се препише на намалените приходи од спонзори, а тоа е резултат на помалиот број на натпревари во летната турнеја.
Како резултат на тоа, профитот на Јунајтед за овој квартал е 13,9 милиони фунти, а тоа е за 22,3% помал од истиот период лани.
„Нашата финансиска сила ни овозможува и понатаму да привлекуваме врвни фудбалери и да инвестираме во нашата академија, со намера да продолжиме да постигнуваме успех, кој го очекуваме сите“, кажа Ед Вудворд.
За Јунајтед добра вест е што нивниот нето долг паднал за 7,8%, иако уште изнесува 247,2 милиони фунти.















