Проблеми за Аргентина: Хрватска ќе игра со десет нови играчи против Исланд


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Во натпреварот во среда од 20 часот Хрватска игра против Исланд во последниот натпревар од групната фаза на Светското првенство.

По двете победи против Нигерија и Аргентина, Хрватите имаат шанса да ги одморат своите играчи, па селекторот Златко Далиќ реши да им даде шанса на другите играчи.

Според најавите, се очекуваат десет нови играчи да се појават на теренот во споредба со екипата, која играше против Аргентина, а само Иван Перишиќ ќе остане.

Одлуката може да ги згрижи Аргентина и Нигерија, кои се надеваат дека Исланд нема лесно да победи против Хрватска.

Во моментов Хрватска има шест, Нигерија има три, а Исланд и Аргентина по еден бод.