Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Фудбалерите на Барселона во саботата доживееја неочекуван пораз на гостувањето против Малага (2:0) во меч од 31 коло од Ла Лига.
Каталонците така пропуштија шанса да го преземат лидерското место од Реал Мадрид кој порано ремизираше против Атлетико.
Барса е поразена со 2:0, а дополнителен проблем за Луис Енрике создаде Нејмар кој доби црвен картон.
Бразилецот после жестокиот старт над Малага мораше порано под туш, но тука не запре.
Нејмар при излезот аплаудираше на судијата, и дофрли неколку грди пцовки.
Шпаннските медиуми пренесуваат дека Нејмар ќе добие суспензија, а постои голема можност дека ќе го пропушти Ел Класико против Реал Мадрид.
Тоа ќе биде голем удар за Барса бидејќи мечот против кралскиот клуб е од исклучителна важност во борбата за титула.
Нејмар моментално е под истрага, а конечната одлука Дисциплинската комисија на ФС Шпанија ќе треба да ја објави во наредните неколку дена.