Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Хрватската репрезентација денес го имаше првиот тренинг во Москва на помошниот терен на Лужники стадионот пред полуфиналната средба со Англија.
Селекторот Златко Далиќ на денешниот тренинг не можеше да смета на Дејан Ловрен, Даниел Субашиќ и Симе Врсаљко. Ловрен и Субашиќ се поштедени поради помали повреди, и веројатно ќе бидат подготвени за средбата против „Гордиот Албион“.
Таква не е ситуацијата со Врсаљко кој веројатно ќе го пропушти полуфиналниот натпревар. Најлогична замена за играчот на Атлетико Мадрид е Домагој Вида кој би играл на десната позиција, додека Ведран Чорлука би ја зазел позицијата во централниот дел од одбраната.