Проблеми за Дортмунд, Ројс веројатно ќе го пропушти Тотенхем


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Германскиот фудбалер и прва ѕвезда на Борусија Дортмунд, Марко Ројс веројатно ќе ја пропушти средбата против Тотенхем во осмина финалето од ЛШ.

Да потсетиме, тој неодамна се повреди во текот на средбата против Вердер Бремен и излезе на полувремето. Поради поврреда го пропушти мечот во Бундес лигата против Хофенхајм, а веројатно нема да игра ниту против Тотенхем.

„Наскоро ќе одлучиме, но не очекувам магично опоравување до среда“, рече спортскиот директор на Милионерите, Михаел Зорк.

Оваа вест секако претставува голем хендикеп за Дортмунд со обзир на тоа што се работи за играч кој е прв стрелец во Бундес лигата со 13 постигнати голови.

Од друга страна позитивни вести за германскиот тим се тоа што и Тотенхем ќе биде ослабен, бидејќи нема да играат Хари Кејн и Деле Али.