Проблеми за ПСЖ: Нови информации за повредата на Нејмар


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Ѕвездата на ПСЖ, Нејмар го заврши мечот против Стразбур предвреме, откако повторно го повреди десното стапало.

Најдобриот фудбалер на ПСЖ, Нејмар поради повредата нема да настапи на првиот меч против Манчестер јунајтед во осминафиналето на Лигата на шампиони.

Тренерот на Парижаните, Томас Тухел потврди дека бразилскиот напаѓач го чека пауза од неколку недели поради повреда и нема да игра на 12. февруари.

Покрај гостувањето во Манчестер, Нејмар нема да биде достапен ниту против Лион и Бордо, но тоа не им е проблем на Парижаните.

ПСЖ има 13 бодови повеќе од второпласираниот Лил во француската Лига 1.