Проблеми за тимовите од Милано: Сериозни повреди на важни играчи


    Кој тепа, Ливерпул или Челзи!? ↓↓↓


    Милан во градското дерби против Интер остана без два бодови во последните секунди од натпреварот, но тоа не е е единствена штета која Милан ја доживеа.

    Покрај двата изгубени бодови, Милан во дербито остана и без Карлос Бака. Тој се повреди во дуелот против Интер и нема да игра во наредното коло на гостувањето кај Емполи.

    Бака го повреди мускулот на бутот на десната нога и го очекува пауза од 10 денови што значи дека сигурно нема да игра на гостувањето во Тоскана.

    Повредата на Бака е шанса за Лападула кој летово стигна како прв стрелец во Серија Б од Пескара. Лападула досега одигра само 2 натпревари како стартер, одигра вкупно 165 минути и го постигна победничкиот гол против Палермо.

    Ниту Интер не помина без штета во градското дерби. Поради повреда во првото полувреме е заменет со Гари Медел. Чилеанецот го повреди менискусот на коленото, а ситуацијата е толку сериозно што тој ќе мора да оди на операција.

    Тоа значи и отсуство од терените од неколку недели и во најдобар случај Медел ќе заигра дури во првиот натпревар во 2017-та година против Удинезе.

    Ова е голем проблем за Пиоли кој го постави Медел како идеален партнер на Миранда во стоперскиот тандем, а неговата место најверојатно ќе го земе Џејсон Муриљо.