До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓
Роберт Левандовски пред неколку дена го отпушти неговиот долгогодишен агент Кучарски и го замени со популарниот Пини Захави.
Тој потег беше доволен повторно да се разгори приказната за посакуваниот трансфер на Полјакот на „Сантијаго Бернабе“.
Но точка на шпекулациите за заминувањето на Левандовски се обиде да стави тренерот на Баерн, Јуп Хејнкес кој тврди дека овој трансфер е незамислив.
„Неговата промена на агентот нема никаква врска. Не мислам да се занимавам со тоа. Можам само да ви кажам дека разговарав со челниците на клубот и според тоа што ми го кажаа немам причина да се грижам за негово заминување. Баерн едноставно не е клуб кој ги продава своите најдобри играчи“ –коментираше Хејнкес.















